Осигурување на лица
Осигурувањето на лица претставува осигурување кое нуди заштита на најважниот дел за секој човек, а тоа е неговото здравје, неговиот живот, како и здравјето и животот на неговите најблиски. Осигурувањето на лица може да биде покриено со повеќе полиси од кои секоја засебно може да покрие различен вид на ризици.
Најчестите видови на осигурување на лица се:
Сите ја знаеме изреката дека нема ништо поважно од нашето здравје, до остварување на оваа изрека наједноставниот пат е преку склучување на полиса за доброволно приватно здравствено осигурување. Ова осигурување нуди осигурителна заштита на Вашето здравје без разлика дали се работи за нарушување на истото од страна на болест или несреќен случај. Доброволното здравствено приватно осигурување е Вашиот партнер во најчувствителните моменти, односно истото ги покрива трошоците за лекување во моментот кога тоа Ви е најпотребно.
Ова осигурување нуди осигурителна заштита на лицата од последица на несреќен случај – незгода. Ризиците кои ги покрива ова осигурување се: губење живот поради незгода, инвалидитет како последица од незгода, привремено онеспособување за извршување редовна работа поради незгода (дневен надоместок), трошоци за закрепување и оздравување поради незгода. Ова осигурување може да биде склучено како индивидуално, или како колективно осигурување.
Животното осигурување е најбрзо растечкото осигурување во нашата држава во последните неколку години. Брзиот развој на овој вид на осигурување доведе до воспоставување на повеќе видови на полиси (покритија) кои се нудат. Полисите кои се нудат на нашиот пазар се од ризико полиси, полиси со штедна компонента, до полиси поврзани со инвестициски фондови. Целата оваа лепеза на полиси е можност за секое лице да го најде покритието кое е најсоодветно за неговите барања и афинитети.